Milupa – МЛЕЧНИ ЖИТАРИЦИ – СО БИСКВИТ – ОД 8 МЕСЕЦИ

Диететски производ- преработена храна на житна основа за доенчиња и мали деца
√НОВ РЕЦЕПТ √БЕЗ ДОДАДЕН ШЕЌЕР √со ЖЕЛЕЗО, КАЛЦИУМ & ВИТАМИН Д
Содржи глутен
Содржи природни шеќери
∎Го олеснува преминувањето на цврста храна
∎Лесна за дигестија
∎Нутритивно балансирана
250g е
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
За здравјето на Вашето доенче секогаш внимателно следете ги упатствата. Неправилна употреба или подготовка може да му наштети на здравјето на Вашето бебе. Користете чист сад и лажица за хранење.
- Сипете 45g (приближно 5 супени лажици) Milupa житарици во чист сад
- Додајте 155ml млака(50°∁), претходно превриена вода
- Мешајте додека не добиете конзистенто пире и проверете ја температурата на житариците пред хранење (37°∁) . Ве молиме подготвувајте свежи житарици и не ги користите остатоците од претходниот оброк. Пакувањето чувајте го цврсто затворено, на ладно и суво место, не во фрижидер. Производот чувајте го заштитен од контаминација. Секогаш користете сува лажица при земање од кутијата. Искористете во рок од 3-4 недели по отварањето.
Milupa нуди разновидни балансирани житарици за доенчиња и мали деца кои се посебно осмислени за да му ги обезбедат на Вашето малечко потребните хранливи материи за раст и развој.
Milupa житариците за бебиња од 8 месеци натаму, обезбедуваат поголема разновидност во исхраната на бебето, градејќи со тоа темел за добри навики во исхраната во подоцнежниот живот. Разновидноста во исхраната на Вашето малечко може да ја зголемите со помош и на другите вкусови од Milupa житариците.
Прогресија во текстурата
MILUPA ГО ПОДРЖУВА РАЗВОЈОТ НА ВАШИТЕ БЕБИЊА- ЧЕКОР ПО ЧЕКОР
Повеќе од 90 години ја користиме целата наша умешност и знаење за да ги развиеме нашите млечни каши, скроени спрема природниот развој на бебето. Тие го содржат токму тоа што им треба на малите стомачиња.
√ високо квалитетни житарици од специјално тестирани полиња
√ витамини и минерали- железо, калциум и витамин Д
√ без конзерванси и вештачки бои
Milupa млечните житарици – Бисквити се наменети за доенчињата во периодот на дохрана.
За оптимален раст, развој и здравје на доенчињата, Milupa ги поддржува препораките на СЗО за ексклузивно доење до 6 месечна возраст, со продолжување на доењето заедно со безбедна и соодветна дополнителна храна, се’ до втората година од животот. Користењето на производот треба да е во консултација со здравствен работник .
ВАЖНА НАПОМЕНА
Доењето треба да продолжи и после навршени 6 месеци до крајот на втората година од животот на детето. Покрај мајчиното млеко треба постепено да се воведуваат разновидни намирници кои вообичаено се користат во семејната исхрана. Воведувањето на намирниците во исхраната на доенчето постаро од шест месеци треба да го препорача здравствен работник квалификуван да се грижи за здравјето на доенчето и малото дете и кој е независен од производителите на храна за доенчиња и мали деца.
Дали знаевте?
Нашите млечни житарици се направени со млечна формула. Тоа значи дека секоја лажица на житна каша обезбедува уште подобар баланс на хранливи состојки потребни за раст и развој на Вашето бебе. Нашите житарици за бебиња се посебно осмислени од страна на нутриционисти, така да обезбедуваат идеален баланс на хранливи материи во секој залак.
НУТРИТИВНИ ИНФОРМАЦИИ:
Просечен состав | Мерна единица | 100g | По порција | % Р.В.∗∗ |
Енергија | кЈkcal | 1718407 | 773183 | |
Масти | g | 8,3 | 3,7 | |
Од кои: | ||||
заситени | g | 3,5 | 1,6 | |
Јаглени хидрати | g | 63 | 28 | |
Од кои: | ||||
шеќери | g | 25 | 11 | |
Влакна | g | 5,0 | 2,2 | |
Протеини | g | 18 | 7,9 | |
Сол | g | 0,37 | 0,16 | |
Витамини | ||||
Витамин А | g RE | 420 | 189 | 47% |
Витамин Д | g | 6,5 | 2,9 | 29% |
Витамин Е | mg -TE | 5,7 | 2,6 | |
Витамин Ц | mg | 39 | 17 | 68% |
Тиамин (Б1) | mg | 1,1 | 0,51 | 102% |
Витамин Б6 | mg | 0,71 | 0,32 | 46% |
Биотин | g | 20 | 9,2 | |
Минерали и елементи во трагови | ||||
Натриум | mg | 146 | 66 | |
Калциум | mg | 515 | 232 | 58% |
Железо | mg | 8,7 | 3,9 | 65% |
Јод | g | 92 | 42 | 60% |
1порција= 45g житарици со 155ml вода (50°∁)∗∗ процент од референтен внес по порција |
Состојки :
Житарици 37% (пченично брашно од цело зрно 33%, брашно од спелта од цело зрно 0,75%,брашно од хељда 0,75%, оризово брашно 0,75%, брашно од просо од цело зрно 0,75%, р’жено брашно од цело зрно 0,75%, овесно брашно од цело зрно 0,75%), обезмастено млеко во прав 27%, деминерализирана сурутка во прав (од млеко)15%,бисквит со путер- во прав [(пченично брашно, путер, обезмастено млеко во прав, средство за нараснување (амониум хидроген карбонат), средство за киселост (лимонска киселина)]15%, растителни масла [(палмино масло, масло од маслодајна репка, кокосово масло, високоолеинско сончогледово масло, соја лецитин(емулгатор)], минерали (калциум карбонат, железо три пирофосфат, калиум јодид), витамини (малтодекстрин од компир, Л-аскорбинска киселина, ДЛ-алфа токоферил ацетат, ретинил ацетат, холекалциферол, Д-биотин, тиамин мононитрат, пиридоксин хидрохлорид), арома (природна арома ванила).
Алергени: глутен,млеко и соја.
Извозник: Nutricia Export B.V. Albert Einstainlaan 20, 2719 EP Zoetermeer, The Netherlands/ Холандија
Производител: Nutricia Zaklady Produkcyjne Sp.z.o.o. ul. Mаrka z. Jemielnicy 1, 45-952 Opole, Poland/ Полска
Земја на потекло: Полска
Увозник: Аксон Трејдинг Старвин ДООЕЛ бул. Александар Македонски 1а, 1000 Скопје тел. 3 122-205, e-mail: office@axxon.mk
За да ја отворите кутија скинете ја обележаната лента на капакотНајдобро да се употреби до: видете на капакот