Милупа Мешано Овошје

Milupa – МЛЕЧНИ ЖИТАРИЦИ – МЕШАНО ОВОШЈЕ – од 6 месеци

Млечни каши за бебиња
  • ОД 6 МЕСЕЦИ БЕЗ ДОДАДЕН ШЕЌЕР
  • НОВ РЕЦЕПТ
  • БЕЗ ДОДАДЕН ШЕКЕР
  • со ЖЕЛЕЗО, КАЛЦИУМ & ВИТАМИН Д
  • Содржи глутен
  • Содржи природни шекери
  • Го олеснуваат преминувањето на цврста храна
  • Лесни за дигестија
  • Нутривно балансирани
  • 250g e

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

За здравјето на Вашето доенче  секогаш внимателно следете ги упатствата. Неправилна употреба или подготовка може да му наштети на здравјето на Вашето бебе. Користете чист сад и лажица за хранење.

  1. Сипете 40g (приближно 5 супени лажици) Milupa житарици во чист сад
  2. Додајте 160ml млака(50°∁), претходно превриена вода
  3. Мешајте додека не добиете конзистенто пире и проверете ја температурата на житариците пред хранење (37°∁) . Ве молиме подготвувајте свежи житарици и не ги користите остатоците од претходниот оброк. Пакувањето чувајте го цврсто затворено, на ладно и суво место, не во фрижидер. Производот чувајте го заштитен од контаминација. Секогаш користете сува лажица при земање од кутијата. Искористете во рок од 3-4 недели по отварањето.

Milupa  нуди разновидни балансирани житарици за доенчиња и мали деца кои се посебно осмислени за да му ги обезбедат на Вашето малечко потребните хранливи материи за раст и развој.

Milupa житариците за бебиња од 6 месеци натаму, помагаат му помагат на Вашето бебе да го развијат чуството за вкус, преку додаденото овошје.  Разновидноста во исхраната на Вашето малечко може да ја зголемите со помош  и на другите вкусови од Milupa житариците.

Разновидност на вкусови

MILUPA ГО ПОДРЖУВА РАЗВОЈОТ НА ВАШИТЕ БЕБИЊА- ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

Повеќе од 90 години ја користиме целата наша умешност и знаење за да ги развиеме нашите млечни каши, скроени спрема природниот развој на бебето. Тие го содржат токму тоа што им треба на малите стомачиња.

√ високо квалитетни житарици од специјално тестирани полиња

√ витамини и минерали- железо, калциум и витамин Д

√ без конзерванси и вештачки бои

Milupa млечните житарици – Мешано овошје се наменети за доенчињата во периодот на дохрана и се соодветни како прв избор на дохрана.

За оптимален раст, развој и здравје на доенчињата, Milupa ги поддржува препораките на СЗО за ексклузивно доење до 6 месечна возраст, со продолжување на доењето  заедно со  безбедна и соодветна дополнителна храна, се’ до втората година од животот.  Користењето на овој производ од 6 месеци натаму треба да е во консултација со здравствен работник .

ВАЖНА НАПОМЕНА

Доењето треба да продолжи и после навршени 6 месеци до крајот на втората година од животот на детето. Покрај мајчиното млеко треба постепено да се воведуваат разновидни намирници кои вообичаено се користат во семејната исхрана. Воведувањето на намирниците  во исхраната на доенчето постаро од шест месеци треба да го препорача здравствен работник квалификуван да се грижи за здравјето на доенчето и малото дете и кој е независен од производителите на храна за доенчиња и мали деца.

Диететски производ- преработена храна на житна основа за доенчиња и мали деца

Дали знаевте?

Нашите млечни житарици се направени со млечна формула. Тоа значи дека секоја лажица на житна каша обезбедува уште подобар баланс на хранливи состојки потребни за раст и развој на Вашето бебе. Содржат железо, калциум и витамин Д.

НУТРИТИВНИ ИНФОРМАЦИИ:

Просечен составМерна единица100gПо порција% Р.В.∗∗
ЕнергијакЈkcal1811430724172
Мастиg114,5
Од кои:
заситениg4,71,9
Јаглени хидратиg6426
Од кои:
шеќериg2912
Влакнаg2,71,1
Протеиниg166,5
Солg0,320,15
Витамини
Витамин Аg  RE41916842%
Витамин Дg6,52,626%
Витамин Еmg -TE5,62,2
Витамин Цmg401664%
Тиамин (Б1)mg1,10,4386%
Витамин Б6mg0,600,2434%
Биотинg187,3
Минерали и елементи во трагови
Натриумmg12952
Калциумmg49819950%
Железоmg7,43,050%
Јодg913651%
1порција= 40g житарици со 160ml вода (50°∁)∗∗ процент од референтен внес по порција

Состојки :

Житарици (гриз од дурум пченица) 38% , обезмастено млеко во прав 26%, деминерализирана сурутка во прав (од млеко)17%, растителни масла [(палмино масло, масло од маслодајна репка, кокосово масло, високоолеинско сончогледово масло, соја лецитин(емулгатор)], банана снегулки 7%, прав од праска (малтодекстрин, дехидрирана праска, природна арома на праска) 1%, минерали (калциум карбонат, железо три пирофосфат, калиум јодид), витамини (малтодекстрин од компир, Л-аскорбинска киселина, ДЛ-алфа токоферил ацетат, ретинил ацетат, холекалциферол, Д-биотин, тиамин мононитрат, пиридоксин хидрохлорид). 

Алергени: глутен, млеко и соја.

Извозник: Nutricia Export B.V. Albert Einstainlaan 20, 2719 EP Zoetermeer, The Netherlands/ Холандија

Производител: Nutricia Zaklady Produkcyjne Sp.z.o.o. ul. Mаrka z. Jemielnicy 1, 45-952 Opole, Poland/ Полска

Земја на потекло: Полска

Увозник: Аксон Трејдинг Старвин ДООЕЛ бул. Александар Македонски 1а, 1000 Скопје тел. 3 122-205, e-mail: office@axxon.mk
Најдобро да се употреби до: видете на врвот на пакувањето