ЕВЕНТ АНТИБАКТЕРИСКИ МАРАМЧИЊА

  • Навлажнувачки – Со Алое Вера – 15 парчиња
  • Брзо, лесно чистење и освежување
  • Биоцидна формула со докажано дејство
  • Брзата дезинфекција е 60 секунди
  • Ефикасни против бактерии и вируси со обвивки

Активна супстанција: Хлорхексидин диглуконат – 0,1 g/100 g
Категорија на корисници: професионални и масовна.
Главна група 1 – Дезинфектанти. Тип на производот 1 – Човечка хигиена.
Вид на биоцидот: течност, со која се натопени марамчиња од неткаен
текстил.
Препораки за безбедност: Да се чува подалеку од дофат на деца.


Состав: бензил салицилат, линалол, хексил цинамал, бутилфенил
метилпропион, цитронелол, алфа-изометил јонон, еугенол, амил цинамал.
Област на примена: Биоцидот има бактерицидно, фунгицидно (Candida
albicans) и ограничено вируцидно дејство (обвиени вируси), а област на
примена е хигиенска дезинфекција на рацете во домот, канцеларијата,
јавните места, објекти за производство и трговија со храна, фармацевтска и
козметичка индустрија, ветеринарна пракса.
Начин на употреба: Влажните марамчиња се подготвени за употреба.
Кожата на видно чисти и суви раце се трие со една или повеќе влажни
марамчиња 1 минута, по што се остава рацете сами да се исушат, без
досушување.

Мерки за прва помош: Не постои специфичен противотров.
ПРИ КОНТАКТ СО ОЧИТЕ: Темелно и внимателно исплакнете со вода неколку минути.
Отстранете ги контактните леќи, доколку ги имате и ако е можно.
Продолжете со испирање.
АКО СЕ ПРОГОЛТА: исплакнете ја устата. Во случај на поплаки – јавете се во ТОКСИКОЛОШКИ ЦЕНТАР или на лекар.


Складирање: Да се чува на проветрено место, подалеку од извори на
топлина и директна сончева светлина.
Рок на важност: видете ја етикетата.
Производител за Аксон Бугарија АД: Пирамида 72 д.о.о., Београдски пут
бб, 15000 Шабац, Р.Србија
Земја на потекло: Р. Србија
Дозвола за ставање во промет на пазарот во Р. Бугарија: бр.3077-1 /
25.02.2021 г.
Извозник: Аксон Бугарија АД, ул„Георги Караславов“ бр. 14а, Софија, Р.
Бугарија
Увозник и дистрибутер за Република Северна Македонија: Аксон
Холдинг ДООЕЛ Скопје, бул.Александар Македонски бр.1А, тел.02 3122-205.
ПЛАСТИКА ВО ПРОИЗВОДОТ